Дописници МКДОпштински вести

Стерјовски: Општина Пустец да биде опфатена со Националниот мастер план за изградба на водоводни и канализациски мрежи

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, во попладневниот дел од пленарната седница побара општина Пустец да бде опфатена во Националниот мастер план за изградба на водоводни и канализациски мрежи.

Тирана, 22 февруари 2021 (МИА) – Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, во попладневниот дел од пленарната седница побара општина Пустец  да бде опфатена во Националниот мастер план за изградба на водоводни и канализациски мрежи.

-Го поддржувам договорот за заем помеѓу Република Албанија и КФВ за финансирање на Програмата „Општинска инфраструктура V“ и барам вклучување во Националниот мастер план за водоснабдување и канализација и инвестиции во колекторски систем во општина Пустец. Канализацијата и отпадните води кои се испуштаат на отворено и во Преспанското Езеро се главниот проблем за селата на Општина Пустец бидејќи само две села го имаат решено проблемот со канализацијата, рече тој образоложувајќи го барањето.

Според него, испуштањето на отпадните води на отворено и во Преспанското Езеро претставува опасност за жителите и животната средина и би било „утопија да се зборува за развој на туризмот без да се реши проблемот со канализацијата“.

-Националната агенција за водовод и канализација треба да инвестира во канализационата инфраструктура во општина Пустец, не само за заштита на Преспанското Езеро, туку и за здравјето на жителите, порача тој.

Претходно со негова ангажираност, Стерјовски се избори за потребните средства за изградба на водоводна мрежа за сите населени места во општина Пустец. Станува збор за фонд од четири милиони евра одобрени од буџетот на албанската Влада.

Со овој проект, се очекува за околу 5.200 жители на општина Пустец, еднаш засекогаш да биде надминат овој горлив проблем.

Верувам, додава тој за МИА, дека ќе бдат прифатени моите барања да се инвестира во изградба на водоводи во село Врбник и областите Голо Брдо и Гора.вт/вг/

Back to top button
Close
Close