0_Спорт.ПорталОстанатоРезултатиСпорт.Слајдер

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски не ја заврши денешната трка во Имола на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во рамки на ТЦР шампионатот на Италија.

Имола, 25 јули 2021 (МИА) – Македонскиот автомобилист Игор Стефановски не ја заврши денешната трка во Имола на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во рамки на ТЦР шампионатот на Италија.

– Скината гума причина за предвремено завршување на трката, но нема откажување ја очекуваме следната трка, напиша Стефановски на социјалните мрежи.

Македонецот вчера на истата патека го освои второто место и се искачи на победничкиот подиум. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close