БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Стефановиќ: Бојкотот е „измислена приказна“ за СЗС да сокрие колку лошо стои кај народот

Српскиот министер за внатрешни работи и член на претседателството на владејачката Српската напредна партија (СНС), Небојша Стефановиќ, изјави дека бојкотoт на изборите е „измислена приказна“ со која опозицијата околу Сојузот за Србија (СзС) се обидува да сокрие „колку лошо стои кај својот народ“ и да тоа што изборите ќе се одржат на 26 април покажува дека Србија е демократска земја која ги слуша потребите на сите свои граѓани и не излегува во пресрет на одделните партии.

Белград, 3 февруари 2020 (МИА) – Српскиот министер за внатрешни работи и член на претседателството на владејачката Српската напредна партија (СНС), Небојша Стефановиќ, изјави дека бојкотoт на изборите е „измислена приказна“ со која опозицијата околу Сојузот за Србија (СзС) се обидува да сокрие „колку лошо стои кај својот народ“ и да тоа што изборите ќе се одржат на 26 април покажува дека Србија е демократска земја која ги слуша потребите на сите свои граѓани и не излегува во пресрет на одделните партии.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Стефановиќ за ТВ Пинк изјави дека партиите кои го најавиле бојкотот на изборите, ќе се обидат преку групи на граѓани да влезе во локалните парламенти и во Собранието на Србија, за да има некакво влијание.

На прашањето за критиките на опозицијата за изборните услови, Стефановиќ потсети дека до 2008 година градоначалникот на Белград се избирал директно според мнозинскиот изборен систем, но тоа било сменето во годината кога Драган Ѓилас се кандидирал за градоначалник.

Тој кажа дека во периодот од 2008 до 2012 година, поранешната власт ги има донесено сите изборни закони, според кои СНС победила во 2012 година.

Според него, актуелната власт излегла во пресрет и водела разговори за изборните услови и покажала дека тие можат да се подобрат.

Стефановиќ наведе дека лидерите на различни опозициски партии имале 19 настапи во две политички емисии на РТС минатата година, но дека сега одбиваат да гостуваат со цел да испаднат жртви и да покажат како се отсутни во медиумите. об/

 

Таг
Back to top button
Close
Close