0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

На конкурсот за избор на пет обвинители во ова Обвинителство беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои  не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители.

На денешната седница на Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. За ова место конкурираа и обвинителите Џемал Лога и Благоја Даскаловски.

По паузата Советот на јавните обвинители ќе ја продолжи седницата со избор на нови обвинители во Вишото скопско обвинителство. дма/са/

Back to top button
Close
Close