Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Стејт департментот смета дека во Албанија владее неповолна инвестициска клима

И покрај здравата законска рамка и напредокот во е-реформата, странските инвеститори ја перцепираат Албанија како неповолно место за бизнис. Тие, како тековните проблеми во Албанија, ги наведуваат корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите, се наведува во последниот извештај за бизнис климата во Албанија, пренесуваат медумите во Тирана.

Тирана, 10 септември 2020 (МИА) – Американскиот Стејт департмент го објави извештајот за инвестициската клима во Албанија за 2020 година, во кој се наведени низа проблематични прашања.

„И покрај здравата законска рамка и напредокот во е-реформата, странските инвеститори ја перцепираат Албанија како неповолно место за бизнис. Тие, како тековните проблеми во Албанија, ги наведуваат корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите, се наведува во последниот извештај за бизнис климата во Албанија, пренесуваат медумите во Тирана.

Според Стејт департментот, извештаите за корупција во владините договори се чести.

„Зголемената употреба на договори за јавно приватно партнерство ги намали можностите за конкуренција, вклучително и за странски инвеститори, во инфраструктурата и другите сектори. Лошата анализа на трошоците и придобивките и недостигот на техничка експертиза при изготвувањето и следењето на договорите за ЈПП се постојани проблеми. Американските инвеститори се соочуваат со корупција и продолжување на неформалните деловни практики,се наведува во извештајот.

Се посочува дека некои амеркански инвеститори се соочиле со судски спорови,па се пожалиле дури и до меѓународна арбитража.

„Во 2019 и 2020 година, инвестицискиот напор на една американска компанија се сомнева дека е спречен со некои судски одлуки и сомнителни активности на заинтересираните страни вклучени во спор за инвестиции,се додава понатаму .

Според извештајот, правата на сопственост и натаму се предизвик во Албанија, дека е тешко да се добие компензација за одземенит имот во комунистичкиот периодот.

-Индексот на перцепција за корупција на Транспаренси Интернешнл во 2019 година ја рангираше Албанија на 106-то место од 180 земји, што е пад за седум места споредено со 2018 година. Албанија исто така падна за 19 поени во студијата на Светска банка „Дуинг бизнис 2020“, рангирана на 82 од 63 во 2019. Иако оваа промена може делумно да се припише на спроведувањето на новата методологија, земјата продолжува да има слаби резултати во областите на издавање градежни дозволи, плаќање даноци, спроведување на договори, регистрација на имот, добивање електрична енергија и заштита на малцинските инвеститори, стои во извештајот.

Како позитивен пример во справувањето со корупцијата во судството се наведува процесот на испитување на потеклото на имот на судиите и обвинителите,познат како ветниг и се посочува дека спроведувањето на реформите во правосудството продолжува и оти „со финализирањето на истите се очекува да се подобри инвестициската клима во змјата“.

Според албанските медиуми Албанија и Северна Македонија се сметаат за најкорумпирани земји во Западен Балкан.вт/сд/

Back to top button
Close
Close