Svet.SlajderСветСвет.Портал

Стејт департментот ги повика ирачките власти да ги заштитат американските дипломатски објекти, по ракетниот напад во Багдад

САД го повикаа Ирак да ги исполни своите обврски и да ги заштити дипломатските институции на својата територија, откако неколку ракети паднаа во близина на нивната амбасада во Багдад, изјави денеска портпаролот на Стејт депертментот, пренесоа агенциите.

Вашингтон, 27 јануари 2020 (МИА) – САД го повикаа Ирак да ги исполни своите обврски и да ги заштити дипломатските институции на својата територија, откако неколку ракети паднаа во близина на нивната амбасада во Багдад, изјави денеска портпаролот на Стејт депертментот, пренесоа агенциите.

„Информирани сме за ракетните напади врз меѓународната (зелена) зона. Ги повикуваме ирачките власти да ги исполнат своите обврски за заштита на дипломатските објекти”, соопштија од Стејт депатментот.

Американската дипломатија забележува дека ситуацијата во Ирак „останува тензична”, а „групите поддржани од Иран продолжуваат да претставуваат закана за безбедноста во Багдад.

Претходно локалните медиуми јавија дека околу американската  Амбасада во Багдад паднале три ракети, а една од нив го погодила ресторанот на дипломатската мисија. Подоцна се појави и информација и за тројца повредени во ракетниот напад во зелената зона. сд/

Back to top button
Close
Close