БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Албанија да протера ирански дипломати

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, ја поздрави и ја пофали одлуката на албанската Влада да протера двајца ирански дипломати од земјата

Тирана, 17 јанари 2020(МИА) – Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, ја поздрави и ја пофали одлуката на албанската Влада да протера двајца ирански дипломати од земјата.

Во статус на социјалните мрежи, портпаролката Ортагус изјави дека американскиот Стејт департмент ја пофалува одлуката на албанската Влада да ги протера двајцата така наречени дипломати.

  • Иранскиот режим продолжува да ги користи своите дипломатски објекти во Европа како покритие за заговор на терористички напади, како и да им се заканува и да ги шпионира Иранците кои живеат во странство, наведе Ортагус.

Во средата, албанската Влада ја потврди веста за протерување на двајцата ирански дипломати, Мохамад Али Арз Пеиманемати,трет советник и Сеид Ахмад Хосеини Аласт, аташе за култура, поради активности во „спротивност со нивниот статус“.

И двајцата според албанските медиуми биле соработници на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани и биле директно поврзани со него. Албанските разузнавачки служби, со помош на сојузничките земји, обезбедиле и докази дека тие биле запознаени со тајниот план за напад врз амбасадата на САД во Багдад организиран од Сулејмани.

Во декември 2018 годна Албанија ги прогласи за непожелни и ги протера иранскиот амбасадор и уште еден дипломат од иранската амбасада во Тирана. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close