Дописници СветСветСвет.Портал

Стејт департмент: Корупцијата ги лишува граѓаните од основните права

Стејт департментот повика денеска земјите поефективно да ја имплементираат борбата против корупцијата и да ги почитуваат антикорупциските повелби на ОН.

Вашингтон, 9 декември 2019 (МИА) – Стејт департментот повика денеска земјите поефективно да ја имплементираат борбата против корупцијата и да ги почитуваат антикорупциските повелби на ОН.

Меѓународниот Ден на корупцијата – 9 декември, обврзува да ја реафирмираме нашата намера за борба против корупцијата на глобално ниво, се наведува во денешното соопштение на Стејт департментот.

– Корупцијата го спречува економскиот раст и развој и владеење на правото, и ја поткопува демократијата, го помага меѓународниот криминал, тероризмот и ги лишува граѓаните низ целиот свет од основните права, се вели во соопштението.

Се додава дека корупцијата овозможува и оддржува автократски лидери, ја ослабува вербата во демократијата, создава кризи и можности штетните актери да ги загрозат сојузниците и партнерите на САД.

– САД преку американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) има продлабочен приод кон борбата со корупцијата. Преку силен дипломатски ангажман, а со мултилатерални иницијативи со граѓанскиот сектор, странски институции воведуваме визни рестрикции и санкции, ги изнесуваме пред лицето на правдата сите корупционери, велат од Стејт департментот.

Се додава дека САД годинава низ целиот свет санкционирале 40 државни функционери заедно со членови на нивните семејство поради нивна инволвираност во крупни корупциски злоупотреби. кб/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close