0_Магазин.ПорталСцена

Статуата на Брус Ли во БиХ осамна со маска и ракавици

Ќерката на Брус - Шенон Ли пак, се потсети на неговата изрека: „Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен“...

Мостар, 10 април 2020 (МИА) – Статуата на Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина, осамна опремена со заштитна маска и ракавици… Инстраграм-страницата посветена на овој мајстор за боречки вештини наведува дека на тој начин, тој повторно станал симбол на борбата, овојпат против коронавирусот.

Ќерката на Брус – Шенон Ли пак, се потсети на неговата изрека: „Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен“.

– …Како што и оваа статуа на Брус Ли, која е опремена со соодветна опрема за Ковид-19. Сега го направија и пример за борбата против коронавирусот, додава таа.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close