0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Статистика: За 0,2 отсто зголемен прометот од продажба на услуги

Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечjе од 2020 година е за 0,2 отсто повисок отколку во првите три месеци лани.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечjе од 2020 година е за 0,2 отсто повисок отколку во првите три месеци лани.

Според Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, најголем пораст на прометот во услугите во однос на првото тримесечје од 2019-та има во дејноста Заштитни и истражни дејности за 9,8 проценти.

Најголемо намалување е забележано во филмската дејност, продукција на видео и телевизиска програма, како и дејности на снимање звучни записи и музичко издаваштво за 32,3 отсто. мч/дма/

Back to top button
Close
Close