0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Стартуваше вакцинацијата против Ковид-19, половина од новозаразените се со британската мутација

Со вакцинација и почитување на мерките за заштита ќе се сузбие пандемијата со КОВИД-19, уверуваат здравствените власти. Вакцинацијата против КОВИД-19 во земјава почна вчера во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со вакцината на „Фајзер“ беа вакцинирани докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, а потоа следеше и вакцинација на другите од таа јавна здравствена установа.

Back to top button
Close
Close