Дописници МКДОпштински вести

Стартуваа уписите во велешките средни училишта

Вратите на сите средни училишта во Велес се отворија денеска напладне, за да ги примат штотуку завршените деветооделенци. Има вкупно 780 слободни места во наредната учебна 2021/2022 година.

Велес, 14 јуни 2021 (МИА) – Вратите на сите средни училишта во Велес се отворија денеска напладне, за да ги примат штотуку завршените деветооделенци. Има вкупно 780 слободни места во наредната учебна 2021/2022 година.

Согласно распишаниот конкурс на Министерството за образование, за упис на ученици во прва година средно образование, за учебната 2021/22 година во четирите средни училишта во Велес има вкупно 780 слободни места, што е помалку за 231 споредено со оваа штотуку завршена учебна година, кога имаше 1011.

Ланската учебна 2019/2020 година беа 1088 ученици. Во сите средни училишта првиот уписен рок започна денеска во 12 часот, и ќе трае вечерва до 19. Во наредните два дена пријавувањето е од 7 до 19 часот, а на 17 јуни од е 7 до 15 часот. На огласните табли ќе бидат објавени Ранг листите со примените кандидати.

Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во наредната учебна година ќе се запишат 186 ученика во шест паралелки.

Како што информира за МИА, Маја Хеско, таму веќе првиот ден има голем интерес за сите струки како: техничар за заштита на животната средина, а интерес има и за фармацевтската и за медицинската, за која има отворено и нови струки.

Инаку, во двете паралелки техничар за заштита на животната средина учениците кои ќе се запишат од есен, ќе бидат вклучени во дуалното бразование со пракса во ЈКП „Дервен“, а за пекар/месопреработувач ќе имаат пракса во „АГРИА“. Овие уленици од МОН ќе примаат и месечна стипендија од 3.500 денари.

Во гимназијата „Кочо Рацин“  во наредната учебна 2021/2022  година ќе има една паралелка помалку споредено со оваа завршена учебна година, кога беа шест паралелки, од кои пет на македонски и една на албански наставен јазик. Во наредната 2021/2022 година ќе бидат пет паралелки, а од кои една на албански наставен јазик.

Во економското училиште „Јовче Тесличков“  во наредната учебна година ќе има три паралелки, а во сега завршената учебна година беа  четири со минимум ученици во секоја паралелка, или вкупно 46 ученика. Од Општина Велес информираат дека ако има интерес на ученици за упис, и во наредната учебна година ќе има четири паралелки.

Во ССОУ „Коле Неделковски“, кое е од електро и машинската струка и годинава како и лани од есен ќе има десет паралелки со слободни 322 места во прва година.
Во првиот уписен рок во ова училиште завршените деветооделенци се пријавуваат за упис во двете дуални паралелки, во кои наставата се изведува со настава и пракса, и во третата које е комбинирана паралелка и со стипендија од МОН, како  и во сите останатите струки од електро и машинската струка и во угоститеско-туристичката струка.ад/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close