Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Стартува реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“ во Охрид

Од утре стартуваат подготвителните работи за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, една од позначајните собраќајници во Охрид.

Охрид, 28 февруари 2021 (МИА) – Од утре стартуваат подготвителните работи за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, една од позначајните собраќајници во Охрид.

Станува збор за значаен инфраструктурен проект, со предвидена целосна замена на водоводната линија долж улицата, на потеготот од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Општата болница во градот.

Од локалната власт е најавено дека ќе се врши остранување на дрворедот долж потегот предвиден за реконструкција, и за непречено одвивање на планираните зафати се повикуваат граѓаните да ги отстранат своите моторни возила и во наредниот период да не паркираат на улицата.

Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од утре до завршување на предвидените активности. Моторните возила кои нема да бидат навремено отстранети ќе бидат отстранети со асистенција на пајак-службата.

Инаку, од утре се враќа старата тарифа за наплата на паркирање возила во А премиум зоната во центарот на Охрид и кај Градскиот плоштад. Од утре повторно час паркирање ќе изнесува 60 денари. Претходно изминатите неколку месеци паркирањето беше намалено на 30 денари за час, како мерка за поддршка на локалните угостители. аб/цр

Back to top button
Close
Close