БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Старт-ап компаниите со можност за учество на предизвик на Светската автомобилистичка федерација

Авто-мото сојузот на Македонија и Бизнис акцелераторот УКИМ ги покануваат македонските старт-ап компании да учествуваат на годинашниот старт-ап предизвик на Светската автомобилистичка федерација.

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Авто-мото сојузот на Македонија и Бизнис акцелераторот УКИМ ги покануваат македонските старт-ап компании да учествуваат на годинашниот старт-ап предизвик на Светската автомобилистичка федерација.

Од АМСМ и БАУ повикуваат, сите старт-ап компании што имаат идеја, но, досега немале можност да го пласираат својот производ или услуга, може да учествуваат на повикот до крајот на овој месец.

Во соопштението стои дека компаниите може да ги понудат своите идеи во следните категории: како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина, како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови и како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

Старт-ап компаниите кои ќе бидат селектирани во потесниот круг на предизвикот ќе добијат можност да се поврзат со мрежата на FIA Region I, кој преку своите 103 клубови-членки, претставува пазар од над 36 милиони потрошувачи во Европа, Блискиот Исток и Африка и да учествува на онлајн настани со избрани експерти за иновации и бизнис развој и можност за средба со маркетинг и бизнис професионалци на клубовите на водечките мобилити клубови.

За време на процесот на селекција, доставените идеи се евалуираат од експертите за иновации на клубовите-членки на FIA Region I. Старт-ап компаниите кои ќе влезат во потесниот избор ќе работат заедно со овие експерти заради потенцијално усогласување со деловните активности на мобилити клубовите. ар/са/

Таг
Back to top button
Close
Close