Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Стапи во сила одлуката на Уставниот суд на БиХ поради која е блокирана работата на државните институции

Одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина за земјоделското земјиште денеска стапи во сила, откако вчера беше објавена во Службен весник на БиХ

Бања Лука, 7 март 2020 (МИА) – Одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина за земјоделското земјиште денеска стапи во сила, откако вчера беше објавена во Службен весник на БиХ.

Укинатиот член 53 на Законот за земјоделско земјиште на Република Српска престанува да важи од следниот ден од објавување на одлуката на Уставниот суд во Службен весник на БиХ, се наведува во одлуката.

Одлуката на Уставниот суд на БиХ е донесена на почетокот од минатиот месец и според неа земјоделското земјиште во РС се смета за имот на БиХ, а не на ентитетот.

По таквата одлука Собранието на РС на 17 февруари донесе заклучоци, меѓу кои им наложува на српските претставници во институциите на БиХ да не учествуваат во носењето одлуки се додека не се поништи одлуката на Уставниот суд на БиХ и да не се усвојува законот за престанок на мандатите на странските судии во Уставниот суд на БиХ. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close