ЕвропаЕвропа.Портал

Стано: Транспортните врски меѓу градовите се за просперитет на луѓето

Европската унија го поздрави потпишувањето на писмото со намери за повторно воспоставување на авионската линија Белград - Приштина.

Брисел, 21 јануари 2020 (МИА) – Европската унија го поздрави потпишувањето на писмото со намери за повторно воспоставување на авионската линија Белград – Приштина.

– ЕУ ги поддржува сите мерки и активности што придонесуваат за олеснување на движењето и комуникацијата меѓу луѓето во Србија и Косово. Тоа е еден од начините за нормализирање на односите и унапредување на регионалната соработка, изјави за Танјуг портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Тој потенцира дека транспортните „врски меѓу градовите“ ги зајакнуваат контактите меѓу луѓето.

– Овозможува подобра комуникација, како и туризам и бизнис, заклучува Стано. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close