ЕвропаЕвропа.Портал

Стано: Околу 80.000 државјани на ЕУ се надвор од Унијата

Околу 80.000 државјани на Европска Унија се надвор од територијата на Унијата и чекаат да се вратат дома откако е воведено привременото ограничување за влез поради пандемијата со новиот корнавирус, изјави синоќа портпаролот на Европска комисија, Петер Стано

Брисел, 19 март 2020 (МИА) – Околу 80.000 државјани на Европска Унија се надвор од територијата на Унијата и чекаат да се вратат дома откако е воведено привременото ограничување за влез поради пандемијата со новиот корнавирус, изјави синоќа портпаролот на Европска комисија, Петер Стано.

Тој додаде дека е тешко да се утврди точниот број на луѓе кои чекаат да се вратат дома и ги повика да се јават во конзулатите во земјите во кои се наоѓаат.

Покрај на надворешните граници на ЕУ, проблеми има и на внатрешните граници. Повеќе илјади жители на балтичките држави се заглавени на германско-полската граница, откако Варшава  го ограничи влезот на странски државјани на своја територија.

На австриско-италијанската граница властите ги пропуштаат Германците кои се враќаат од Италија ако имаат доволно гориво да ја поминат Австрија без да застануваат, додека од граѓаните од другите држави бараат лекарски поотврди дека не се заразени со Ковид-19. ми/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close