0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Стаменковска: Во Македонска Каменица реализирани значајни проекти од патната инфраструктура

Со средства во висина од 25,2 милиони денари, во Македонска Каменица во изминатите три години изградени се улици со вкупна должина од 1.526 метри. Претставувајќи го досега изграденото во делот на патната инфраструктура, градоначалничката Соња Стаменкова напомена дека најголем дел од проектите се реализирани со средства од буџетот на општината.

Македонска Каменица, 22 јуни 2020 (МИА) – Со средства во висина од 25,2 милиони денари, во Македонска Каменица во изминатите три години изградени се улици со вкупна должина од 1.526 метри.
Претставувајќи го досега изграденото во делот на патната инфраструктура, градоначалничката Соња Стаменкова напомена дека најголем дел од проектите се реализирани со средства од буџетот на општината.
-Меѓу изградените улици ќе ги споменам „Вера Јоциќ“ во должина од 471 метар, потоа „8-ми Септември“ која е долга 265 метри, изградена е и улицата „Пере Тошев“ долга 140 метри и улицата „Даме Груев“ со должина од 650 метри, рече Стаменкова.
Обезбедени се и нови паркинг места во централното градско подрачје. Новоизградени се паркинзите на улицата „Пере Тошев“ и на улицата „Самоилова“ со вкупна површина од 2265 м².
– Станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион денари, со која обезбедивме нови паркинг места во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Исто така со инвестиција вредна 11,9 милиони денари изградени се и нови тротоари, пешачки и пристапни патеки за потребите на граѓаните со површина од 2500 м², рече Стаменкова.
Најави вложување во инфраструктурата и во следниот период. вс/бак/

Back to top button
Close
Close