0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Стаменковска Стојковски: За два месеца распишани огласи за 4.131 вработувања во јавната администрација

Од 6 ноември, кога е познато дека ќе се формира техничка влада досега се распишани огласи за 4.131 работно место во државната управа, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници, изјави денеска дополнителна заменичка министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

Скопје, 5 јануари 2020 (МИА) – Од 6 ноември, кога е познато дека ќе се формира техничка влада досега се распишани огласи за 4.131 работно место во државната управа, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници, изјави денеска дополнителна заменичка министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

Таа посочи дека во услови кога забелешките се дека државната администрација е превработена и гломозна, со овие вработувања се прави, како што вели, брутална партизација на државниот апарат. Од наведената бројка нови работни места 911 работни места се во владини институции, Генерален секретаријат, Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, како и во претпријатија кои, вели, имаат проблем со исплата на плати, како што се Македонски железници.

– Платите за дел од распишаните места се движат и од 40 илјади, па до 60 илјади денари. Овие огласи по нивниот обем и начинот на кој се распишани, за само два месеци, не се ништо друго туку само начин на изборно корумпирање и купување на мир во владејачката партија. Сето ова ќе биде на товар на граѓаните, но и на сметка на квалитетни кадри кои ќе останат запоставени и тргнати на страна. Ревизијата која е во тек ќе ги испита сите неправилности при распишувањето на овие огласи и давањето на согласности. И онаму каде ќе има отстапување ќе побарам нивно поништување, рече дополнителна заменичка министерка Стаменковска Стојковски. вг/рп/

 

 

 

Back to top button
Close
Close