Дописници МКДОпштински вести

Стагнира бројката новозаболени, во благ пораст на оздравени од Ковид-19 во Кичево

Од почетокот на декември до денеска бројот на новозаболени од Ковид-19 во Општина Кичево е во стагнација и ретко кога има мал пораст и како резултат на овој сооднос. Бројот на активни случаи денеска се сведе на само 111 лица, додека во втората половина на ноември бројката се движеше до 500 лица.

Кичево, 5 јануари 2021 (МИА) – Од почетокот на декември до денеска бројот на новозаболени од Ковид-19 во Општина Кичево е во стагнација и ретко кога има мал пораст и како резултат на овој сооднос. Бројот на активни случаи денеска се сведе на само 111 лица, додека во втората половина на ноември бројката се движеше до 500 лица.

Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом и член на Кризниот штаб истакна дека се изненадени од малата бројка на новозаразени од Ковид-19, имајќи предвид, како што рече, дека по цел ден се полни кафаните и локалите со гости.

– Сите сме пријатно изненадени од малата бројка на новозаболени од Ковид-19 во нашата општина, иако се очекуваше бројот на заболени да биде многу поголем.Оваа појава до толку повеќе изненадува, ако се има во предвид фактот што локалите по цел ден се полни гости, не сите ги почитуваат мерките  иносат маски и одржуваат прописно растојание, но бројките се тие.Така денеска имаме само три лица новозаболени и осум оздравени. Овој тренд ни се повторува и затоа бројот на активни случаи се сведе на само 111 лица. Не би сакал да верувам, но стравувам дека бројките ќе се зголемат кога ќе дојде кај нас мутираниот вирус од ВеликаБританија, потенцира Бајрами.за/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close