Дописници МКДОпштински вести

Стабилна епидемиолошката состојба во кумановските градинки

Стабилна е епидемиолошката состојба во кумановската градинка „Ангел Шајче“, информираа денеска надлежните од јавната установа. Засега нема заболени деца згрижени во осумте објекти во градинката.

Куманово, 15 септември 2021 (МИА) – Стабилна е епидемиолошката состојба во кумановската градинка „Ангел Шајче“, информираа денеска надлежните од јавната установа. Засега нема заболени деца згрижени во осумте објекти во градинката.

-Минатата, за целата година во октомври имавме само едно дете, за среќа сега немаме ниту едно заболено дете. Ќе се појави по некој случај од вработените и од вакцинираните и од невакцинираните, постапуваме согласно алгоритмот и соработката со Центарот за јавно здравје, навремено го известуваме министерството. Седумдесет проценти од вработените се вакцинирани додека преостанатите поради некои коморбидети или пак прележан ковид сè уште не можат да се вакцинираат, но засега нема никаков отпор, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.

Во сите објекти извршена е преадаптација на просториите за згрижување на деца до шест години, врз основа на протоколите донесени до Комисијата за заразни болести, Владата и ресорно министерството за начин на работа во услови на пандемија.

Според последните протоколи, бројот на деца во воспитна група до две годишна возраст изнесува 15, додека во воспитни групи од две до шест години изнесува 25. Во моментот проектираниот капацитет согласно протоколите изнесува 1.345 деца, а запишани се над 1.200 деца и останува мал број за прием на деца, но не во сите објекти.

-Станува збор за центарот за ран детски развој „Бамби“ каде знаеме како работат центрите, но овие две простории во основното училиште „11 Октомври“ во непосредна близина на објектот „Синоличка“ ќе се преадаптираат во воспитни групи со целодневен престој. Исто така информација и до жителите на населбата „Иго Тричковиќ“ центарот за ран детски развој „Сонце“ во подрачното училиште, досега беше затворен, некои од родителите доаѓаа во градинка и испративме информација до училиштето каде ги повикуваме, сите заинтересирани кои сакаат да ги стават децата во центарот да дојдат во управата и ќе ги добијат сите информации, информираше Алексовска.

Незначителен број места за згрижување на нови деца, има во објектот „Пчелка“, „Славејче“ и „Бубамара“ и во „Бамби“ каде целосно ќе се отворат две нови групи за целодневен престој.

-Доаѓаат и родители на деца од шест до десетгодишна возраст и бараат како што имавме согласно закон згрижување и на овие деца од училишна возраст. Комисијата за заразни болести на крајот на август донесе заклучок со кој не дозволува згрижување во овие пандемски услови, поради епидемиолошка оправданост затоа што во таа група од различни возрасти, одделенија, ќе бидат во ист простор. Засега сè уште не сме во можност, имаме писмено известување дека не можеме да ги згрижиме овие деца од 6 до 10 години, вели Алексовска.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close