0_Македонија.ПорталОригинални текстови

ССНМ најостро ги осудува навредите и клеветите кон колешката Мирослава Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон нашата колешка Мирослава Бурнс. Згрозени сме од речникот употребен во текстовите на овој портал, кој ниту во најблага варијанта не може да се смета за соодветен во јавниот дискурс, а особено сме згрозени од сексистичките навреди и клевети, дури и навреди што задираат во приватниот живот на „метата“ на нападот.

Скопје, 19 мај 2020

Било какви клевети и навреди од овој тип се неприфатливи, а особено се неприфатливи во јавната дебата, односно кога се појавуваат како реакција на еден професионално изработен и реализиран текст на нашата колешка. Сметаме дека треба да се стави крај на времето кога на факти и аргументи се одговора со лични дисквалификации, а во случајов тоа е кренато на ниво, не на „уличарски“ јазик, туку на монструозни конструкции кои ни оддалеку не се во допир со текстот на кој се реагира.

Сметаме дека е време и дека е важно да се солидаризираме во една општа и општествена осуда на овој начин на „полемизирање“ без аргументи, а исклучиво со монструозни навреди и клевети. Ова го потенцираме и од аспект дека порталот „ДоказМ“, како што може да се види на неговиот сајт, е поддржан со рекламни и пропагандни објави на наши реномирани компании. На овој начин излегува и дека еден дел од важните македонски стопански субјекти поддржува ваков дискурс на јавна расправа.

Ја поддржуваме колешката Мирослава Бурнс и ја охрабруваме да ја побара својата сатисфакција по судски пат.

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close