БизнисБизнис.ПорталЕкономија

ССК со признание од Светската царинска организација 

Генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија додели признание за придонес кон развојот на Царината на Сојузот на стопански комори на Македонија. Признанието на претседателот на ССК Данела Арсовска и го врачи директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, денеска во Скопје во пресрет на Светскиот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари.

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија додели признание за придонес кон развојот на Царината на Сојузот на стопански комори на Македонија. Признанието на претседателот на ССК Данела Арсовска и го врачи директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, денеска во Скопје во пресрет на Светскиот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари.

Арсовска, како што информираат од ССК, истакна дека ова признание е уште една потврда за успешната соработка на Сојузот на стопански комори на Македонија со институциите, каде активно се вклучува како промотор и лидер на современите светски трендови со особен акцент на дигитализација на процесите.

– Дигитализацијата на деловните процеси и поврзаност на институциите при имплементирање на новите трендови е од особена важност за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница. Минатата година Сојузот беше меѓу првите комори во Европа која ги дигитализираше алатките за меѓународна трговија и воведе е-Сертификат за потекло, поддржана и од Царинската управа. Подготвени сме и во иднина како Сојуз, да го поддржуваме пеоцесот на олеснување на трговијата, изјави Арсовска, информираат од ССК.

Директор на Царинската управа, Танасоски истакнал дека Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината.

– На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина на социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби, рече Танасоски, стои во соопштението од ССК. аа/са/

Back to top button
Close
Close