БалканБалкан.Портал

Српските новинари добија елеци на кои пишува ПРЕС за да бидат побезбедни на протестите

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска во Белград делеше заштитни маски и елеци со натпис ПРЕСС за редакциите кои известуваат од протестите.

Белград, 11 јули 2020 (МИА) – Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска во Белград делеше заштитни маски и елеци со натпис ПРЕСС за редакциите кои известуваат од протестите.

Акцијата е организирана откако неколку новинари, сниматели и фоторепортери беа повредени во претходните денови додека известуваа за протестите во Белград, а целта на иницијативата е новинарите да бидат повидливи, но и надлежните органи и самите граѓани повеќе да се грижат за нивната безбедност.

Здружението најави и дека во наредните денови ќе набави нови количини маски и елеци, но ги повика и надлежните и демонстрантите да се грижат за безбедноста на новинарите кои, како што истакна, работат во интерес на јавноста. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close