БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Српската Влада донесе одлука за релаксирање на полицискиот час за првомајските празници

Српската Влада на денешната седница донесе измени на одлуката во врска со мерките за заштита на населението од вирусот Ковид-19 за време на првомајските празници, јави дописникот на МИА од Белград.

Белград, 30 април 2020 (МИА) – Српската Влада на денешната седница донесе измени на одлуката во врска со мерките за заштита на населението од вирусот Ковид-19 за време на првомајските празници, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Владата, забраната за движење ќе започне денеска во 18 часот и ќе трае до сабота, 2 мај, до 5 часот. На граѓаните на возраст над 65 години ќе им биде дозволено во петок да одат на прошетка двапати, во секое време од денот, не повеќе од шестотини метри од нивното место на живеење.

Во сабота и недела, забраната за движење започнува во 18 часот и трае до 5 часот следниот ден. Тогаш најстарите граѓани ќе можат да одат на прошетка само еднаш според истите правила, за време на периодот на забрана на движење од 18 часот до 5 часот наутро.

Од Владата потенцираат дека за време на викендот, за да се минимизираат социјалните контакти, сè уште ќе биде во сила забраната за собирање на повеќе од две лица на отворено и оваа мерка ќе биде строго контролирана од надлежните органи. об/

Таг
Back to top button
Close
Close