БалканБалкан.Портал

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба

Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Белград, 2 април 2020 (МИА) – Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Таа истакна дека власта направила се што е потребно за граѓаните на Србија да бидат точно и навремено информирани и ниту една информација да не биде скриена од јавноста, но неодамна усвоената одлука ќе биде повлечена „за да не се фрли сенка врз она што државата го работела макотрпно“.

– Иако верувам дека оваа уредба ги штити сите, граѓаните, здравствените работници и семејствата, од лажни вести и непроверени информации, за да не се фрли сенка врз она што го работиме макотрпно, Владата денеска, пред седницата на кризниот штаб, ќе ја повлече одлуката, нагласи Брнабиќ.

Таа верува дека со повлекувањето на уредбата, државата многу повеќе време ќе посвети во борбата против лажните вести, кои секојдневно се пласираат. Во таа смисла, Брнабиќ ги спомена лажните вести за 24-часовна забрана за движење, дека активисти на СНС барале пари за да донесат помош и дека во клиничките центри нема опрема.

– Ќе се бориме повеќе, ќе ни биде потребен дополнителен напор, нагласи српската премиерка, додавајќи дека оваа вонредна состојба во Србија е навистина воена состојба.

Владата во Белград усвои Заклучок за информирање во време на пандемија, со кој се пропишува централизација на јавните информации за коронавирусот во текот на вонредната состојба.

Таа одлука предвидува сите информации во врска со пандемијата да ги соопштува премиерката Ана Брнабиќ или лице овластено од кризниот штаб. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close