БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Српска листа ја напушти седницата за трансформација на ФСК во војска на Косово

Пратениците на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), ја напуштија собраниската седница на која, во прво читање, се расправа за пакетот закони со кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) прераснуваат во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 18 октомври 2018 (МИА) – Пратениците на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), ја напуштија собраниската седница на која, во прво читање, се расправа за пакетот закони со кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) прераснуваат во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во име на пратеничката група на СЛ, координаторот Игор Симиќ порача дека, не само Србите, туку никој во Косово нема интерес од оваа работа и дека државата има други приритети отколку формирањето оружени сили, како што е подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Симиќ потсети и дека меѓународната заедница, пред се НАТО и САД, побараа трансформацијата на ФСК да се направи по пат на уставни измени.

Претходно, пред почетокот на седницата, потпретседателот на СЛ Далибор Јевтиќ рече дека не може за нешто што задира во интересите на една немнозинска заедница да се одлучува надвор од Уставот. Тој исто така нагласи дека оваа иницијатива на косовските власти е на штета на иднината на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Расправата во прво читање за пакетот закони, кој се состои од Нацрт-законот за Министерството за одбрана, Нацрт-законот за ФСК, и Нацрт-законот за служба во ФСК, продолжува, при што претставниците од сите албански партии, но и оние од пратеничката група на другите немнозински заедници 6+, даваат целосна поддршка.

Со овие законски проекти се предвидува зголемување на надлежностите на ФСК и прераснување на актуелното Министерство за ФСК во Министерство за одбрана, а крајната цел е постепено трансформирање на сегашните безбедносни сили во Војска на Косово. иа/гт/13:16

Таг
Back to top button
Close
Close