БалканБалкан.Портал

Средношколец во Хрватска доби единица по физичко на онлајн настава

Средношколец во Хрватска добил единица по физичко образование за време на онлајн-настава, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Загреб, 28 март 2020 (МИА) – Средношколец во Хрватска добил единица по физичко образование за време на онлајн-настава, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Како што е наведено, професорот поставил апликација преку која ученикот требало да испрати доказ дека сработил некои вежби. Ученикот не го направил тоа во предвидениот рок и професорот му ставил единица во е-дневникот.

Весникот пишува дека првите десет дена од почетокот на електронската настава, која е организирана поради епидемијата на коронавирусот, се обележани со хакерски напади, рушење на системот, земјотрес во Загреб, нерамноправно оптоварување на учениците, како и голем број прашања на кои наставниците, учениците и родителите немаат одговор.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак рече дека околу 450.000 ученици и наставници во основните и средните училишта, како и 70.000 на факултетите, ја следат наставата преку сервисите CARNet и SRCE.

Наставата за најмалите деца е организирана преку телевизиска програма на ХРТ 3, а за средношколците и на Спортската телевизија и РТЛ 2.

Материјалите се пласираат преку Јутјуб, различни веб-страници, се комуницира преку групи на Вибер, Ватсап, како и преку е-маил. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close