0_Магазин.ПорталПатувања

Средношколци поради коронавирусот го заменија авионот со брод

Откако пандемијата на коронавирусот во март ги затекна на Карипските Острови, поточно на Куба, учениците едноставно не можеа да се вратат со авион, па мораа со брод.

Хавана, 28 април 2020 (МИА) – Група од 25 средношколци од Холандија успешно препловија преку Атлантскиот Океан и стигнаа од Карибите дома. За пет седмици, тие минаа пат долг 7.000 километри.

Откако пандемијата на коронавирусот во март ги затекна на Карипските Острови, поточно на Куба, учениците едноставно не можеа да се вратат со авион, па мораа со брод.

На едрилицата „Див лебед”, долга 60 метра, повратниците, придружени од тројца наставници имаа помош и од 12 искусни морнари. Сите тие го заслужија називот „воини на океанот”, како што ги нарекуваат светските медиуми.

Децата на почетокот на март пристигнале на Карибите, каде што учеле едрење, но веројатно не се надевале на ваква лекција и животно искуство. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close