Дописници МКДОпштински вести

Средношколци од Кавадарци кои завршија дуално образование, се вработија во „Дрекслмајер“

Осумнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци ја завршија наставата од областа Индустриска мехатроника според германски модел на дуално стручно образование и неколкумина од нив веќе ги потпишаа своите први работни договори со компанијата „Дрекслмајер“. За ова денеска информираа од германската фабрика.

Кавадарци, 18 август 2020 (МИА) – Осумнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци ја завршија наставата од областа Индустриска мехатроника според германски модел на дуално стручно образование и неколкумина од нив веќе ги потпишаа своите први работни договори со компанијата „Дрекслмајер“. За ова денеска информираа од германската фабрика.

-Компанијата веќе пет години обучува ученици според германскиот модел на дуално стручно образование. Во соработка со СОУ „Киро Спанџов – Брко“ и Министерството за образование и наука, даден е значаен придонес при изготвувањето на наставниот план и програма за овој концепт на стручно образование, нагласија од фабриката.

Втората генерација завршени средношколци,  три години покрај редовната настава, посетуваше и практична настава,  во современо опремена работилница во рамки на компанијата.

Од компанијата велат дека инвестирањето во младите и нивниот развој, е инвестирање во иднината. свд/мд/

Back to top button
Close
Close