Дописници МКДОпштински вести

Средните стручни училишта од истокот подготвени за соработка со компаниите 

Концептот „Учи паметно, работи стручно“ ја отвори вратата за дијалог помеѓу компаниите кои се соочуваат со недостиг од работници и средните училишта од крајниот Исток. Директорот на делчевската гимназија „Методи Митевски-Брицо“, Љупчо Прачковски, смета дека самиот факт што веќе почна да се зборува на оваа тема, е првиот чекор за надминување на овој проблем.  

Делчево, 23 февруари 2021 (МИА) – Концептот „Учи паметно, работи стручно“ ја отвори вратата за дијалог помеѓу компаниите кои се соочуваат со недостиг од работници и средните училишта од крајниот Исток. Директорот на делчевската гимназија „Методи МитевскиБрицо“, Љупчо Прачковски, смета дека самиот факт што веќе почна да се зборува на оваа тема, е првиот чекор за надминување на овој проблем.  

Според него, соработката помеѓу компаниите и средните училишта треба да се зајакне во насока на поголемо остручување на учениците, преку поголема вклученост  во практичната работа со компаниите.

Во нашата гимназија имаме прехранбена и текстилна стручна паралалека, а во зависност од тоа какви се потребите на стопанството  ќе се потрудиме да отвориме и друг вид паралелки. Во таа насока, за мене еден од најбитните моменти е тоа што се разговараше за тоа колку младите на возраст од 14 до 18 можат да се вклучат во практичниот дел од работата во компаниите. Ако нашите ученици почесто ги посетуваат фирмите и учествуваат активно во процесот на работа, ќе придонесе за подобра подготвеност при вклучувањето на пазарот на трудот, истакна Прачкоски.

Додаде дека самите бизнисмени ќе имаат готов производ, а учениците по завршувањето на средно образование директно ќе можат да се вклучат во процесот на работа.. Ако ова се постигне, смета тој, голем број од младите луѓе во Делчево директно ќе си најдат егзистенција и ќе бидат дел од општеството.

Од средното училиште во Делчево посочуваат дека остануваат отворени за соработка со сите компании. Дијалогот со нив за надминување на проблемот со недостиг на ученици во стручните паралелки ќе се одвива согласно насоките на Министерството за образование и наука. вс/хс/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close