Дописници МКДОпштински вести

Среде булевар во Тетово бетонски плочки од оштетен „лежечки полицаец“ создаваат проблеми за возачите

Оштетен е „лежечкиот полицаец“ направен од градежен материјал и бетонски плочки, поставен минатиот викенд на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, познат како „Индустриска улица“. Делови, односно бетонски плочки се одвоени од целината и се наоѓаат по коловозот.

Тетово, 16 февруари 2021 (МИА) – Оштетен е „лежечкиот полицаец“ направен од градежен материјал и бетонски плочки, поставен минатиот викенд на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, познат како „Индустриска улица“. Делови, односно бетонски плочки се одвоени од целината и се наоѓаат по коловозот.

Не е познатото дали оштетувањата настанале од преминување на возилата или некој тоа намерно го направил, но има реакции на јавноста поради опасностите од предизвикување на проблеми кај возилата.

– Индустриска стана скокалница. Насекаде скокаме со возилата по оваа улица. Сега уште повеќе нема безбедноста на оваа улица, се коментарите на граѓаните на Тетово на социјалните мрежи.

По поставувањето на ваквата „грпка“ на социјалните мрежи беа објавени и видеа на кои се гледа како возила удираат во неа, па отсконуваат. По реакциите во јавноста Општина Тетово постави вертикална сигнализација со знаци дека има препрека на улицата.

Поради брзото возење и смртни случаи на булеварот, Општина Тетово најави дека покрај „лежечки полицајци“ ќе преземе и други активности за подобра безбедност на пешаците, а се планира и поставување на ограда на средина од булеварот. ас/сп/

Back to top button
Close
Close