0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Средбите во Софија – значаен исчекор кон решенија за отворените прашања, двете земји треба да работат низ отворен и искрен дијалог

Македонската делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, а во која беа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера на интензивните средби со бугарскиот државен врв во Софија во обид да се деблокира европската интеграција на земјава, однела конкретни предлози и решенија, за кои бугарската страна рече дека ќе ги разгледа. За македонската страна решението на билатералното прашање мора да води грижа за интересите на двете страни. И македонската и бугарската страна средбите во Софија ги оценија како значаен исчекор што ќе ги поттикне идните чекори за решенија за отворените прашања, на кои двете страни ќе посветат сериозно внимание и заедно ќе работат низ отворен и искрен дијалог.

Back to top button
Close
Close