0_Македонија.ПорталПолитика

Средба Заев – Техада: На изборите граѓаните се изјаснија за НАТО и ЕУ

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Зутер Техада.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Владата Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Зутер Техада.

На средбата се разговарало на повеќе актуелни теми како политичката состојба во државата по одржувањето на парламентарните избори, при што беше оценето дека тие биле одржани во демократска атмосфера и граѓаните покажале висока политичка култура изјаснувајќи се за остварување на главните приоритети, НАТО и Европската Унија.

– На средбата беше оценето дека со демократски одржаните избори беше испратена позитивна порака на регионално ниво и Владата и во наредниот четиригодишен мандат ќе продолжи кон подобрување на економската состојба на граѓаните и модернизирање на државата, велат од Владата.

Премиерот Заев и швајцарската амбасадорка Техада ја оцениле билатералната соработка меѓу двете земји како извонредна, изразувајќи заедничка подготвеност да продолжи реализацијата на заедничките проекти со уште поголеми резултати од интерес на граѓаните и просперитетот на државата. ир/сп/

Back to top button
Close
Close