0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderМКДПолитика

Средба Османи –Линде во Брисел: Шведска се залага за напредување на секој кандидат согласно заслугите и резултатите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Брисел се сретна со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде. За време на средбата, Османи и Линде разговарале за важните аспекти од европското досие на Северна Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на нашиот европски пат, за што Шведска конзистентно изразува поддршка.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Брисел се сретна со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде. За време на средбата, Османи и Линде разговарале за важните аспекти од европското досие на Северна Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на нашиот европски пат, за што Шведска конзистентно изразува поддршка.

Како што соопшти Министерството за надвореши работи, во тој контекст беше пренесено дека Шведска се залага за напредување на секој кандидат во процесот согласно заслугите и резултатите, како и дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите критериуми, неопходни за отпочнување на преговорите со ЕУ.

На средбата, Османи го презентирал и напредокот во клучните реформски области, подвлекувајќи дека нашата држава е одлучна да ги спроведе европските вредности и стандарди, не само заради натамошен напредок во евроинтегративниот процес, туку пред сѐ заради подобрување на секојдневниот живот на граѓаните на Северна Македонија.

-Неодложно е потребното постигнување на консензус за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, заради доследно спроведување на одлуката за почеток на пристапни преговори. Ова не е важно само од аспект на валоризација на нашите постигнувања, туку и од аспект на задржување на кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ и поттикот што е потребен за европските перспективи на целиот регион, истакна Османи.

Министрите, како што се наведува во соопштението, разговараа и за соработката во рамките на ОБСЕ со оглед на фактот што Шведска е актуелен претседавач со организацијата, а нашата држава ќе ја преземе палката во 2023 година. Беше договорено дека двете земји ќе соработуваат во еден партнерски однос во насока на целосно почитување на заедничките вредности врз кои почива ОБСЕ како што се човековите права, демократијата и владеењето на правото, како и во развојот на моделот на мултиетнички односи, се посочува во соопштението. ев/дма/

Back to top button
Close
Close