0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на заменик министерот Жерновски со американската амбасадорка Брнз

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз, која претставуваше прва нејзина институционална средба во Република Северна Македонија откако двете држави и официјално станаа сојузници во НАТО.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз, која претставуваше прва нејзина институционална средба во Република Северна Македонија откако двете држави и официјално станаа сојузници во НАТО.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, од нејзина страна беа упатени искрени честитки до нашата држава за стекнувањето на статусот полноправен член на НАТО, кое иако доаѓа во тешки  времиња,  дава јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава.

На средбата, главен акцент бил ставен на предизвиците во биткатата против Ковид-19, начинот на справување со коронавирусот, како и за мерките и активностите што двете држави ги преземаат на тој план.

– Во таа насока, Жерновски ја информираше амбасадорката Брнз дека Владата на својата вчерашна седница одлучи да побара од НАТО семејството да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи и дека во таа насока веќе се подготвува листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми. Ваквиот чекор беше поздравен од страна на амбасадорката, која истакна дека сојузниците секогаш заеднички ќе одговорат на предизвиците, односно дека членството во НАТО овозможува токму поголема сигурност и стабилност, се додава во соопштението. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close