0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на вицепремиерот Груби со кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со кандидатот за претседател во изборната кампања на ДУИ, Насер Зибери.

Скопје, 8 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу
заедниците Артан Груби денеска оствари средба со кандидатот за премие во изборната кампања на ДУИ, Насер Зибери.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Зибери му го честитал назначувањето на новата функција и посочил дека е отворен за соработка и го става на располагање своето знаење во насока на функционирање на новото Министерство и евроатланската перспектива на земјава.

Вицепремиерот Груби му се заблагодарил на Зибери за поддршката и го поканил да стане активен дел од структуирањето.

– Груби за време на оваа средба исто така рече дека секое искуство произлезено од интелектуалец како што е г. Зибери е добредојдено кога се знае дека тој беше главниот лик кој за време на последните парламентарни избори докажа дека еднаквоста во Република Северна Македонија не повредува никого, туку напротив помага да се создаде здрава демократија што и е потребна на земјата за да стане членка на Европската унија, се наведува во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека договорот за оваа владина коалиција е значајна и истовремено претставува факторизација на Албанците во Владата за време на овој четиригодишен мандат. бак/скс/

Back to top button
Close
Close