Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Средба на Столтенберг и Хоти, посветена на безбедноста на Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна денеска со косовскиот Авдулах Хоти во седиштето на НАТО во Брисел, при што разговараа за актуелните случувања на Западен Балкан.

Брисел, 8 септември 2020 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна денеска со косовскиот премиер Авдулах Хоти во седиштето на НАТО во Брисел, при што разговараа за актуелните случувања на Западен Балкан.

На средбата, која беше прва меѓу нив двајца, Столтенберг ги поздрави новите разговори под покровителство на ЕУ меѓу Белград и Приштина, кои се одржаа вчера во Брисел, потенцирајќи дека дијалогот е единствен начин да се постигне трајно политичко решение на Западен Балкан. Шефот на НАТо и Хоти, исто така, разговараа за договорот постигнат во Вашингтон за нормализирање на економските односи меѓу Србија и Косово, се наведува во соопштението од Алијансата.

Столтенберг истакна дека НАТО е цврсто посветен на стабилноста на Западен Балкан, што се покажува и со распоредувањето на преку 3.500-члените мировни сили на КФОР во Косово. Тој додаде дека мандатот на КФОР останува непроменет: да ги зачува безбедноста и сигурното опкружување, како и слобода на движење за сите луѓе во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година.

Што се однесува на пандемијата Ковид-19, генералниот секретар го поздрави тоа што сојузниците и партнерите на НАТО веќе обезбедија значителна медицинска поддршка за да им помогнат на институциите во Косово и дека КФОР обезбедува и директна поддршка во дистрибуцијата на набавките. Тој додаде дека НАТО сега разгледува како Алијансата може дополнително да го поддржи Косово во одговорот на пандемијата Ковид-19. ссм/

Back to top button
Close
Close