0_Македонија.ПорталОпштество

Средба на раководството на Македонскиот полициски синдикат со директорот на БЈБ

Претседателот и генералниот секретар на Македонскиот полициски синдикат (МПС), Марјан Кицев и Киро Трајковски, денеска имаа работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Претседателот и генералниот секретар на Македонскиот полициски синдикат (МПС), Марјан Кицев и Киро Трајковски, денеска имаа работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Како што соопшти МНС, на средбата била истакната заложба и обврска за продолжување на соработката преку унапредување на социјалната и економската положба на вработените во МВР, а со тоа и подигнување на нивото на професионалниот статус на полициските службеници.

– Разговарано беше и за актуелната состојба, проблемите и за други појави во нашето министерство и договорено е да продолжи процесот на социјален дијалог кој во континуитет, години наназад, го води Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен полициски синдикат, со единствена цел – подобрување на финансиската и материјалната состојба на нашите членови, подобрување на условите за работа и слично, соопшти Македонскиот полициски синдикат. хс/сп/ 

Back to top button
Close
Close