0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на претседателот Пендаровски со светскиот шампион во современ танц, Анди Исмаили

На средбата, на која присуствувале и неговите родители, Анди  го раскажал своето искуство од учеството на Светското првенство што во декември минатата година се одржа во Оса, Полска. На ова светско натпреварување Анди го освои првото место во категоријата современ танц соло за деца.

Скопје, 9 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими 11-годишниот гостиварец Анди Исмаили, светски шампион во современ танц.

На средбата, на која присуствувале и неговите родители, Анди го раскажал своето искуство од учеството на Светското првенство што во декември минатата година се одржа во Оса, Полска. На ова светско натпреварување Анди го освои првото место во категоријата современ танц соло за деца.

Претседателот Пендаровски, соопшти неговиот Кабинет, истакнал дека Анди иако има само 11 години, тој веќе е амбасадор на нашата земја бидејќи успева да ја промовира Северна Македонија преку уметноста на своето танцување. И затоа, како што потенцирал претседателот Пендаровски, на талентираните млади луѓе државата треба да им дава безрезервна поддршка.

Младиот Анди на средбата со претседателот Пендаровски информирал дека негов следен предизвик е европското првенство во џез, современ и класичен балет, што во јуни годинава ќе се одржи во Национална опера и балет во Скопје.

Талентираниот Анди Исмаили е член на танцовото студио „I Dance” од Гостивар. За кореографијата со која тој победи на првенството во Полска, му помогнале тренери и кореографи и од студиото „Брејк а Лег“ од Скопје. цр/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close