0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на претседателот Пендаровски со генерал-полковник Сенад Машовиќ

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, денеска оствари средба со генерал - полковник Сенад Машовиќ, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина, на која биле разменети мислења и информации за севкупната армиска и одбранбена соработка меѓу двете земји и заедничкото учество на во странски мировни мисии.

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, денеска оствари средба со генерал – полковник Сенад Машовиќ, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина, на која биле разменети мислења и информации за севкупната армиска и одбранбена соработка меѓу двете земји и заедничкото учество во странски мировни мисии.

Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата со генерал – полковник Машовиќ разговарале и за можностите за зајакнување на меѓусебната соработка во функција на поголем придонес на билатерален и на мултилатерален план. Пендаровски истакнал дека Република Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО ќе продолжи со добрата армиска соработка со Босна и Херцеговина.

Пендаровски, на средбата, исто така, посочил дека е одлична можноста припадници на нашата Армија да се дообучуваат во центрите за обука на Босна и Херцеговина, а на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје да се образуваат питомци од Босна и Херцеговина, со што воената обука и образование ќе придонесуваат во развојот на армиската соработка. аа/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close