0_Македонија.ПорталОригинални текстови

Средба на претседателот на Судскиот совет Здравев со министерот Маричиќ

Министерот за правда, меѓу другото беше информиран со проектите кои ги развива Судскиот совет на РСМ за исполнување на неговите стратешки цели, како што се: Функционална анализа, Стратегиски план на Судскиот совет на РСМ 2020-2022 година, План за стратешка комуникација, Методологија со индикатори за сложеност на предмети, Методологија за оценување на судиите и посебно за Стратегијата за развој на човечките ресурси и судската мрежа. Изработени се критериуми и методологија за планирање на Судскиот буџет и критериуми и методологија за распоредување на Судскиот буџет.

Скопје, 15 септември 2020

Претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Киро Здравев, оствари средба со Министерот за правда Бојан Маричиќ.

На средбата беа разгледани повеќе прашања од интерес на судската власт и тоа:

–         Обезбедување просторни услови за работа на Управниот суд и Вишиот управен суд;

–         Проширување на капацитетите на Академијата за судии и јавни обвинители;

–         Зајакнување на човечките ресурси во судовите и во Судскиот совет на Република Северна Македонија;

–         Изготвување Правилник за оценување на судските службеници и Правилник за условите и постапката за нивното унапредување, како и статусот на стручната служба на Судскиот совет на Република Северна Македонија;

–         Јакнење на општествениот и материјалниот статус на судиите;

–         За поедини одредби од Законот за Судски совет на РСМ и

–         За избор на член на Судски совет на РСМ од Собранието на Република Северна Македонија.

Министерот за правда, меѓу другото беше информиран со проектите кои ги развива Судскиот совет на РСМ за исполнување на неговите стратешки цели, како што се: Функционална анализа, Стратегиски план на Судскиот совет на РСМ 2020-2022 година, План за стратешка комуникација, Методологија со индикатори за сложеност на предмети, Методологија за оценување на судиите и посебно за Стратегијата за развој на човечките ресурси и судската мрежа. Изработени се критериуми и методологија за планирање на Судскиот буџет и критериуми и методологија за распоредување на Судскиот буџет.

Судски совет на Република Северна Македонија   

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close