0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на министерот Спасовски со чешкиот амбасадор Томан

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја Мирослав Томан.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја Мирослав Томан.

На средбата, соопштија од МВР, министерот Спасовски и амбасадорот Томан ја потенцирале досегашната извонредна соработка меѓу двете земји, особено во областа на безбедноста, посебно што неколку години наназад чешката полиција заедно со припадниците на МВР тесно соработуваат на многу полиња пред се во делот на граничната безбедност, спречувањето на илегалната миграција и обезбедувањето на границата кон соседна Грција.

Посочувајќи го значењето на партнерството меѓу двете министерства, се наведува, било констатирано дека таквата пракса придонесува за натамошно развивање на капацитетите на нашето МВР.

На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговарале и за планираното испраќање нов чешки контингент од полициски службеници за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со нелегалната миграција на јужната граница од нашата земја. цр/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close