0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Средба на министерот Маричиќ со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Која

Успешната имплементација на Стратегијата за реформи за правосудството и отворањето на Поглавје 23 - Правосудство и човекови права претставува вистински предизвик за земјава, оцени министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Успешната имплементација на Стратегијата за реформи за правосудството и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и човекови права претставува вистински предизвик за земјава, оцени министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата се дискутираше и околу зајакнувањето на одговорноста на судиите и обвинителите и најавениот ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил.

– Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Мисијата на ОБСЕ во клучните реформски области и експертската поддршка во изработката на Законот за кривична постапка, Кривичниот законик, Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела сторени со насилство, а секако и Изборниот законик, се наведува во соопштението.

Притоа, Маричиќ истакнал дека поддршката од Мисијата на ОБСЕ ја унапредува заштитата на човековите права во Северна Македонија, а со тоа и ја доближува во исполнувањето на европските стандарди. сп/

Back to top button
Close
Close