0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на министерот Маричиќ со албанскиот амбасадор Река

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со албанскиот амбасадор Фатос Река. 

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со албанскиот амбасадор Фатос Река.

Поаѓајќи од мартовската одлука на ЕУ за почетокот на преговорите за двете земји, министерот Маричиќ истакнал дека двете држави треба да ја продолжат и зајакнат соработката во пресрет на отворањето на Поглавје 23: Правосудство и темелни права.

Од Министерството за правда информираат дека министерот посочил дека ЕУ има вистинска трансформативна моќ и дека процесот на евроинтеграција е клучен за развојот на регионот и ширењето на европските вредности за владеење на правото и почитувањето на човековите права. бак/

 

Back to top button
Close
Close