Оригинални текстови

Средба на министерот Фазлиу со градоначалничката на Арачиново Халими

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска ја посети општина Арачиново каде се сретна со градоначалничката на оваа општина, Миликије Халими. На оваа средба, министерот Фазлиу и претседателката Халими разговараа за актуелните состојби во општината, тековните активности, реализираните работи и проекти, за долгогодишните нерешени проблеми, барањата на овдешните жителите како и за соработката помеѓу министерството и општината.

Скопје, 6 март 2019

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска ја посети општина Арачиново каде се сретна со градоначалничката на оваа општина, Миликије Халими. На оваа средба, министерот Фазлиу и претседателката Халими разговараа за актуелните состојби во општината, тековните активности, реализираните работи и проекти, за долгогодишните нерешени проблеми, барањата на овдешните жителите како и за соработката помеѓу министерството и општината.

Градоначалничката Халими го информираше министерот Фазлиу за досегашните реализирани активности, тековните работи и напорите за решавање на многуте проблеми кои се од витален интерес за жителите на оваа рурална општина.

За општина Арачиново главен проблем беше и е обезбедувањето на здрава вода за пиење и канализацијата, за што се прават максимални напори. Општината нема сопствени приходи а сметката е постојано празна, што целосно ги оневозможува и најмалите иницијативи. Таа побара помош од Министерството за локална самоуправа и од релевантните органи и институции за да помагаат во решавањето на виталните проблемите во инфраструктурата.

Министерот за локална самоуправа Сухејил Фазлиу истакна дека генерално му се познати проблемите и барањата на општина Арачиново, а истовремено високо ја оцени посветеноста на општинското раководство за нивно надминување.

Во овој случај, тој го спомена проектот на Центарот на скопскиот плански регион за подготовка и изработка на техничка документација за водоснабдување во износ од 2.887.650 денари, кој беше позитивно оценет од страна на Комисијата и ќе му биде предаден на владата на усвојување.

Исто така министерот го истакна и значењето на меѓуопштинската соработка а посебно на оние кои припаѓаат на ист плански регион, како и соработката со централната власт. Во оваа насока, додаде министерот Фазлиу, општинското раководство треба да вложи сеопфатни напори за искористување на можностите за користење на буџетските средства, фондовите на ЕУ преку ИПА преку-граничните Програми и други фондови. Сето ова може да се постигне само ако се конкурира со квалитетни проекти не само на локално туку и на регионално ниво.

Сегашната Влада, додаде министерот Фазлиу, ги зголеми за 100% средствата за рамномерен регионален развој, давајќи им можност на помалку развиените региони да добијат повеќе буџетски средства се со цел да се намалат развојните разликите помеѓу општините и планските региони. Затоа, истакна Фазлиу, општините треба да соработуваат со граѓаните, сериозно да ги слушаат нивните барања и според нивните утврдени приоритети да подготват квалитетни проекти кои ќе имаат позитивно

влијание врз подобрувањето на животните услови на граѓаните а ќе имаат и долгорочни ефекти.

Министерството за локална самоуправа има отворени врати за соработка во сите области, а во оваа насока општините можат да ги искористат нашите капацитети, идеи и знаења за да полесно да ги реализираат нивните развојни планови и програми, истакна министерот Фазлиу.

Министерство за локална самоуправа

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close