0_Македонија.ПорталПолитика

Средба на министерот Арјанит Хоџа со албанскиот амбасадор Фатос Река

 Успешната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и взаемниот интерес за нејзино понатамошно унапредување, беше тема на разговор на денешната прва средба во Скопје меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и албанскиот амбасадор во земјава Фатос Река.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) –  Успешната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и взаемниот интерес за нејзино понатамошно унапредување, беше тема на разговор на денешната прва средба во Скопје меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и албанскиот амбасадор во земјава Фатос Река.

Министерот Хоџа, информираат од неговиот кабинет, истакна дека потпишувањето на усогласената спогодба за фитосанитарна политика меѓу двете министерства, е многу важен чекор за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи со почитување на законските одредби и фитосанитарните процедури на двете земји. Тој предложи да се реализира билатерална средба со неговиот албански колега во блиска иднина, во рамки на која ќе биде потпишана спогодбата.

На средбата беше разговарано за можноста за заеднички настап на македонските и албански компании од земјоделскиот сектор на европскиот пазар, а беше дадена поддршка за нови иницијативи и заеднички проекти во процесот на прилагодување кон ЕУ.

Амбасадорот Река потенцираше дека Албанија во последните години посветува големо внимание на агротуризмот, како нова гранка за која постои голем интерес и кое може да биде пренесено и во нашата земја, стои во соопштението.

Министерот Хоџа воедно истакнал дека неговиот кабинет е отворен за соработка и развивање нови заеднички идеи и проекти за продлабочување на билатералната соработка во земјоделство меѓу нашите соседни земји. вј/лв/

 

Back to top button
Close
Close