Политички партии

Средба на лидерот на НДП Мемеди со полскиот амбасадор Војчех Тицински

Денес делегацијата на НДП, предводена од претседателот г. Весел Мемеди, составена од генералниот секретар Сухејл Фазлиу и членот на Централното Раководство на НДП, Ибрахим Сулејмани реализираа средба со амбасадорот на Република Полска во Скопје г. Wojciech Tycinski.

Скопје, 16 јануари 2020

Денес делегацијата на НДП, предводена од претседателот г. Весел Мемеди, составена од генералниот секретар Сухејл Фазлиу и членот на Централното Раководство на НДП, Ибрахим Сулејмани реализираа средба со амбасадорот на Република Полска во Скопје г. Wojciech Tycinski.

Претседателот Мемеди, и се заблагодари на амбасадорот за безрезервната подршка на Полска за нашата земја на патото кон интеграција во НАТО и ЕУ, и побара од амбасадорот да и понатаму ја подржат земјата на патото кон ЕУ. Мемеди истакна дека нашата земја има сеуште потреба за подршка од земјите кои се вистински пријатели на Северна Македонија, и кои имаат големо искуство со нивното членство во ЕУ. Мемеди исто така потенцира дека нема дилема дека нашата земја треба да работи сеуште во владеење на правото, реформи во судството, и многу други, но тоа не значи дека нашата земја не заслужува отварање на преговори со ЕУ, имајќи во предвид историските достигнувања како Преспанскиот договор, Договорот за добрососедтсво и заопкружување на нормативниот дел од Охридскиот Договор.

Амбасадорот на Полска, г. Wojciech Tycinski и се заблагодари на делегацијата и ја пофали конструктивната  улога на НДП и Весел Мемеди за зачленување на Северна Македонија во НАТО, и дека Полска ќе продолжи да ја подржува Северна Македонија на патото кон ЕУ.

Служба за информирање на НДП

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close