0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Средба на кумановскиот градоначалник и командант на бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ)

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и бригадниот генерал Аристедеис Илиопулос, командант на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), денеска остварија средба во општина Куманово на која разговараа за идната соработка. Штабот на СЕЕБРИГ е сместен во кумановската касарна „Боро Менков“.

Куманово, 18 септември 2020 (МИА) – Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и бригадниот генерал Аристедеис Илиопулос, командант на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), денеска остварија средба во општина Куманово на која разговараа за идната соработка. Штабот на СЕЕБРИГ е сместен во кумановската касарна „Боро Менков“.

– Остваривме средба со командантот на СЕЕБРИГ, која се состои од претставници од шест армии од регионот. За нас е голема чест како град, што мисијата е овде. Им посакувам убав престој, апелирам до граѓаните да ги прифатат како свои, ним им посакувам да се чуствуваат како дома, изјави Димитриевски по средбата.

Тој се надева дека  Бригадата секогаш ќе биде подготвена, но и ќе нема можност да учествува во спасувачки мисии, хуманитарни кризи и успешно ќе ја реализира мисијата.

Граѓаните на Куманово, рече Димитриевски, отсекогаш имале позитивно мислење за Армијата, а бидејќи тоа се наши стратешки партнери со кои соработуваме, не само на регионално, туку и на интернационално ниво, очекувам ист третман и кон нив.

Бригаден генерал Илиопулос изрази задоволство што Куманово е домаќин на СЕЕБРИГ.

–Сакам да ѝ се заблагодарам на државата и на локалните власти за топлото добредојде и се радувам на идната соработка, рече генералот Илиопулос.

Кон крајот на август годинава на свечена церемонија во кумановската касарна „Боро Менков“ Командата на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) официјално го означи отпочнувањето со работата во Република Северна Македонија. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега биле Пловдив, Костанца, Истанбул и Лариса. СЕЕБРИГ е мултинационална мировна мисија во која учествуваат Албанија, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија и Турција. Првично договорот е потпишан во 1998 година во Скопје, по што наредната година почнала ротационата мисија во земји домаќини, учеснички. ам/бак/

Back to top button
Close
Close