БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Средба на гувернерката на НБ со холандскиот амбасадор: Холандија и натаму ќе дава силна поддршка на земјата и НБ

Холандија како претставник на Северна Македонија во конституенците на MМФ, Светската банка и ЕБОР и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно е состојбата и понатаму да се следи и соодветно да им се одговори на предизвиците, особено во однос на фискалната дисциплина и управувањето со јавниот долг. При справување со предизвиците, важна е поддршката на меѓународните институции при што ние остануваме ваши партнери во остварувањето на стратешките цели. Од клучно значење е да се продолжи со спроведувањето на структурните реформи во економијата на Северна Македонија.

Back to top button
Close
Close